Во Грција се казнува и за бавно возење
Грчкиот сообраќаен закон предвидува многу казни, вклучително и за возачи кои возат премногу бавно. Казната, која е 30 евра, се изрекува затоа што бавниот возач го попречува сообраќајот. Кај нашиот јужен сосед, на автопатите постои ограничување не само за максималната брзина, туку и за минималната.
Ако возите по автопати и експресни патишта, не треба да паднете под 70 км на час. Ако возилото не може да одржи таква брзина, мора да се „премести“ на друг пат по кој може да се движи побавно. Знакот за минимална брзина е кружен, со сина позадина, бројот е во бела боја.
Според член 23 од законот, возачите не смеат да го попречуваат нормалниот сообраќај. Прекршокот се евидентира кога возачот се движи невообичаено бавно без основана причина. Секако, се предвидени и исклучоци. Казна не се изрекува ако патот е во лоша состојба и возачите се принудени да возат побавно. Неповолните временски услови се исто така оправдана причина, како и густиот сообраќај, каде што намалувањето на брзината е неизбежно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција се казнува и за бавно…
Грчкиот сообраќаен закон предвидува многу казни, вклучително…
26-годишен Авганистанец уапсен за убиството на Шкотланѓанка…
Маж е уапсен по смртта на Шкотланѓанка…
Мицотакис: Изразувам најдлабоко жалење за трагичната несреќа
Министерот за климатски кризи и цивилна заштита…
Повеќе од 200 мигранти спасени во близина…
Повеќе од 200 мигранти биле спасени од…
Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица…
Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и…