(Во живо) Тајмингот за пописот беше лош, граѓаните “се сунчаа” на плажите во Грција, Турција и не беа дома за време на пописот – вели Симовски

t

Во денешната епизода на Тешки муабети гглавна тема беа резултатите и постапката за спроведување на пописот, а гостин во редакцијата ан Инфомакс беше директорот на ДЗС Апостол Симовски.

Водителите истакнаа дека директоторот има изјава дека доколку има повеќе од 100.000 луѓе тој попис не може да биде успешен и прашаа што се случило сега дали значи дека пописот е неуспешен.


“Законот за попис вели дека пописот се спроведува со користење на комбиниран метод, попишување на терен и преземање на податоци од базите на податоци. Тоа е детално опишано во методологијата, може да се преземат податоците од базите на податоци.

Она што намерно одевме и со теренско испитување, не може да се примени целосно бидејќи во земјата нема адресен регистар, има нешто во катастарот за недвижности, да имаат регистар на згради ама не на станови. Сосема е дозволено да се преземат податоци. Никогаш не сме кажале дека има 100.000 непопишани повеќе или помалку. Бојкотот прво важно е колкав е, оваа бројка од 132.000 клучниот проблем е што се уредуваше во многу лош тајминг, тој требаше во април 2020, па април 2021, ама се одржа во септември што е практично лето и голем дел од граѓаните не се во нивните домови. Голем дел се сунчаа по плажите во Грција, Црна Гора, Турција, пандемијата не беше завршена.” – рече Симовски.

Статистичката грешка за која се вели дека е дозволена е +/- 5%, тоа е според методологијата на Еуростат. Сега за овие 132.000 немаме податоци. Можеше друг да даде податоци за етничка припадност, што значи дека сепак се прекршуваат препораките на Еуростат.- објасни Митовски

“Има податоци за се освен за етничка припадност, религија и јазикот што се зборува во домаќинството. Етничката и религиската припадност се чувство и не се документира. Членот од домакинството можел да ги каже податоците за отсутните членови на семејството, тоа е лице што има ваш матичен број и се претпоставува дека има и ваша дозвола.” – објасни Симовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=651464159262700&notif_id=1649013298184886&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова: Нема причина да го тргнеме ветото,…

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа…

Спасовски открива дека МВР спречила хакерски напади…

„Ние сме прогласени од Русија за земја-непријател,…

Богоев ја нападна Левица: Кој ве плати…

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев смета дека…

Кривични за сите кои учествувале во фингираниот…

Левица не го признава овој попис и…