Во Косово лов на крипто-копачи – Во Македонија се „копаше“ и по подруми на трговски центри

t

Косовската полиција вчера спроведе акција против апарати или опрема за производство на криптовалути. Ова се случува поради енергетската криза, со што, според податоците, апаратите што произведуваат криптовалути неконтролирано трошат електрична енергија.

Како резултат на истрагите успеано е да се локализира и идентификува локацијата, поради што претресот е извршен во еден стан на улица Фан Ноли во Јужна Митровица. При претресот за противзаконско дејство пронајдени се и одземени 67 апарати поврзани со електрична опрема и интернет за кои постои сомневање дека се користеле за производство на криптовалути, велат од косовската полиција.

За разлика од Косово, пред неколку недели кога новинари во Македонија кај ГТЦ пронајдоа стотици апарати за производство на криптовалути, македонската полиција не се занимаваше со случајот и не изврши истрага туку излезе со соопштение дека не е крадена струја и дека нема елементи за казниво дело според Кривичниот законик, велејќи дека дека немало апарати за производство на криптовалути.

Разговарано е со одговорните лица на ГТЦ и претставници на ЕВН, при што е констатирано дека за мерачите кои се во приватна сопственост не е констатирана кражба на електрична енергија, по што е констатирано дека нема елементи за казниво дело според КЗ.

Истата вечер, апаратите за производство на криптовалути од ГТЦ беа повлечени од сопствениците кои ги поставиле таму, а полицијата не ги следеше, велат од МВР.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими пред извесно време истакна дека користењето на виртуелни средства од вредност познати како криптовалути ќе се уреди со закон. Министерството за финансии заедно со Финансиската полиција како и финансиските супервизори работат на одредување на сите аспекти кои произлегуваат од овој нов феномен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тахири: ЕУ да престане да ја толерира…

Поранешниот главен преговарач на Косово во дијалогот…

Вучиќ се пишмани: Одам во Тирана, ќе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Никинац,…

Албански писател: Не постои косовски идентитет и…

Албанскиот писател Висар Жити истакна дека Косово…

Курти “во елемент”: Најдобро би било да…

Премиерот Албин Курти, критикувајќи го судскиот систем…

Четворица полицајци суспендирани заради случајот со застреланата…

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ…