Во Куманово ќе се гради споменик посветен на загинатите бранители во “Диво Насеље”
Иницијативата доаѓа од Синдикатот на полицијата на Македонија и Здружението на пензионирани воени старешини и полициски ветерани
По свеченото отворање на ткн. спомен обележје на загинатите борци од УЧК во липковско Слупчане, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски објави дека во Куманово ќе се гради спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР од нападот во „Диво насеље“ од 2015 година.
Иницијативата доаѓа од Синдикатот на полицијата на Македонија и Здружението на пензионирани воени старешини и полициски ветерани.
По откривањето на спомен кулата во Слупчане, припадниците на ова Здружение, за утре побарале средба со Димитриевски, а градоначалникот утре ќе ги поднесе и иницијативите до Советот на општина Куманово.
-Спомен обележјата се градат од локалната самоуправа врз база на претходно донесена одлука на Совет по претходна потврдена програма и одлука за градба. И токму овие иницијативи кои дојдоа до мене, јас имам намера да ги проследам на советот, а мнозинството во Советот нека одлучи согласно законот како што е предвидено, вели Димитриевски.
Според него, но и според експертите, зданието во Слупчане не е спомен обележје, како што го „протна“ општина Липково, туку Меморијален споменик за чие откривање треба да одлучува Собранието, а не се одлучува на локално ниво.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановската болница повторно остана без вода
Кумановската болница повторно остана без вода поради…
Утрово избодено едно лице во Куманово
Утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски…
(Видео) Пожарникари спасуваа кумановец кој паднал во…
Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно,…
Остра реакција на руската амбасада за вандализираниот…
„Ноќта на 10 јануари годинава, во центарот…
Груевски: Рестартирање на пропаднатите “споменици на транзицијата”,…
Претходната Влада предводена од Груевски започна проект…