Груевски: Рестартирање на пропаднатите “споменици на транзицијата”, од пустошот повторно среќа – Уште еден проект запрен од СДСМ!

t

Претходната Влада предводена од Груевски започна проект за рестартирање на пропаднатите фабрики, таканаречените “споменици на транзицијата”, проект кој требаше да донесе голема економска корист, но кој за жал беше прекинат од владата на СДСМ, пишува на Фејсбук поранешниот премиер Груевски.

Во продолжение целиот текст од неговата објава:

РЕСТАРТИРАЊЕ НА ПРОПОПАДНАТИТЕ ФАБРИКИ (од пустошот повторно среќа)

Македонија има многу “споменици на транзицијата”. Така ги нарекувавме пропаднатите некогашни фабрики во времето кога во деведесетите години на минатиот век транзицијата на македонската економија беше во рацете на неодговрни луѓе на СДСМ или блиски ним. Стотици фабрички капацитети и фирми кои за време на социјализмот беа некакви големи гиганти во својата дејност и во кои државата вложила многу пари за да се изградат и опремат, не само што заплеткани во долгови и криминално корупциски транзициски шеми беа пропаднати, туку беа оставени на пропаѓаат на забот на времето. Речиси сите од нив беа заплеткани во некакви стечајни и судски лавиринти по 10, 15, 20 години и не се се гледаше крајот на евентуално расплеткување.

Веќе на големо се градеа нови хали за производство во земјата, а куп стари пропаѓаа озрачени од негрижа и бескрајни правни лавиринти, па немаше инвеститор кој би губел време со тоа.

Затоа некаде во втората половина од мојот мандат како формирав специјален комитет кому му дадов напатствија, задачи и рокови, и од кој произлегоа измени на законите за стечај со кои измени стечајот многу се забрза. За секој нареден чекор во постапката беа предвидени рокови а некои непотребни чекори беа скратени.

Се доуредија и подзакоснските акти, а во комитетот влегоа преставници од сите можни институции кои имаат своја улога во тие процеси, и се со цел овие капацитети правно “да се исчистат” и да се регулира нивната сопственост, а штом тоа се заврши тие можат да станат предмет на продажба или изнајмување и со тоа да се вратат во функција и да вработуваат невработени луѓе, да произведуваат ново додадена вредност, да го зголемуваат извозот и да бидат повторно “големи”независно дали во истата или некоја нова дејност. Да се вратат во функција на народот од местото каде постоеле и функционирале.

По една-две години почнаа да доаѓаат резултатите. Процесите силно се раздвижија а јас барав периодични извештаи до владата, што не беше само следење на работата туку и еден вид институционален притисок за одговорните да си ја вршат работата на време, чесно и одговорно.

Така, до крајот на мандатот завршивме дел од нив и создадовме посебен линк на веб страницата на Агенцијата за привлекување инвестиции

(https://investnorthmacedonia.gov.mk/brownfield/ )

и дел од нив се уште стојат таму, каде можеа и можат да се најдат со сите основни параметри како информација за потенцијалните инвеститори.

Донесовме и законски претпоставки, со оглед дека речиси сите беа руинирани, да се дадат посебни субвенции и државна помош до потенцијалните инвеститори за нивно купување и рестартирање. Познато е дека понекогаш многу покомплицирано е да обновиш нешто многу руинирано одколку да изградиш ново.

На пат бевме од пустошит повторно да направиме среќа.

За жал со нашето заминување од власт како да запре овој процес или пак сериозно се успори. Тоа е штета за сите.

Не е само во прашање економскиот аспект. Важно беше во свеста на граѓаните да влезе дека имало некогаш некое време на пропаѓање, но дека се што пропаднало ќе се врати во функција и фабриките на стечајците, во кои ја оставиле нивната младост и убави спомени, или фабриките на многу луѓе преку кои нивните родители работејќи таму и остварувајќи плата ги израснале и школувале, а кои денес се вон функција, се враќаат во живот. Многу од нив биле гордост на некој град а станале напуштени и полуразурнати хали во кои се гледа очајот и бедата на едно многу лошо и неодговорно, често и криминално владеење кое останало неказнето.

Со Законот за затворање на старите стечајни постапки и новиот Закон за стечај се реши статусот на повеќе од 320 компании, чии имоти пропаднаа во транзицијата.

Овие компании беа во поодмината фаза на стечај, ликвидација или веќе беа преземени од доверителите и беа а некои се уште се предмет на извршување кај различните доверители.

Целта на овој проект беше преку Законот за контрола на државната помош да им се овозможи на идните купувачи на имотот од друштвата да ги рестартираат или да го стават во некаква функција за вршење стопанска дејност. Предвидено беше на идните инвеститори по стекнување на сопственост на имотот од друштвата да им се понуди државна помош со цел креирање на поголем број работни места, со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени стечајците.

Пакетот мерки во зависност од понудениот деловен план предвидуваше:

> За креирање на нови работни места 2.000 евра за ново работно место, а доколку доаѓаат од редот на стечајците 4.000 евра за секое ангажирано лице под услов да биде задржан на работа минимум 5 години;

> Готовински грант во зависност од инвестицијата во износ од 10% од вкупната инвестирана вредност, но не повеќе од 500.000 евра. Грантот може да се додели за адаптација, реконструкција, набавка на машини и опрема;

> Ослободување од плаќање на данок на добивка во период од две години;

> Ослободување од плаќање на персонален данок и социјални придонеси во период до 3 години, доколку вработените лица ги задржи на работа најмалку уште 3 години;

> Обуки, преквалификации и професионално усовршување.

Пакетот на мерки требаше да важи само доколку субјектите достават деловен план за инвестицискиот проект одобрен од страна на Комисијата за заштита на конкуренција и Владата на Република Македонија.

Денес со оглед на повеќе годишната инфлација овие износи би биле за 40-50% повисоки.

Бевме предвиделе и повеќе милиони евра буџет за подршка на ова. Работата тргна многу добро, но со изборите во 2016 година, односно новата власт во 2017 година – запре. Многу од нив можат и сега да се рестартираат, доколку некој се посвети и се фокусира на тоа.

Тоа би било од општа корист на владат постои за да работи за општо добро. – напиша Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе…

Носителот на изборната листа четири на СДСМ…

Кoвачевски: СДСМ не прифаќа никакви условувања и…

„СДСМ не прифаќа никакви условувања и со…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од…

Граѓаните што гласаа за ЗНАМ, практично, гласаа…

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат…