Во Македонија дошле 6 милијарди долари руски пари преку илегални канали и локални олигарси

Дури 6 милијарди долари од руски извори се слеале прикриено и илегално во македонските финансиски текови од 2000 до 2020 година, тврди Центарот за проучување на демократијата од Софија, во својата најнова анализа за ширењето на дезинформациите и дестабилизирањето на демократиите во Југоисточна Европа од страна на Москва, пишува Независен.мк.
Според анализата Македонија последните години е изложена на многу силно руско пропагандно влијание, а тоа е потпомогнато од илегално внесување руски пари преку политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и на политичките одлуки во државата.
Иако податоците од анализата покажуваат дека Русија најмногу ја проширила својата мрежа во Македонија, одекот сепак е помал отколку во Србија и во Бугарија, земји што се посочени како главни носители на руската пропаганда и спроведувачи на руското влијание во регионот. Бројкит сепак загрижуваат бидејќи покажуваат дека, наспроти европскиот просек од 3,6 отсто од БДП инфилтрирани руски пари во европските финансиски текови и економија, во Македонија тој процент изнесува 6 отсто од БДП за периодот од 2000-та до 2020 година. Исто така бројките покажуваат дека во Македонија најмногу од сите земји во Југоисточна Европа (Западен Балкан плус Хрватска и Бугарија) се објавени постови и се регистрирани интеракции од страна на руската амбасада на Фејсбук профилот минатата година, а одѕивот бил 173.000 интеракции, наспроти еден милион и 889.000 интеракции на слични активности на руската амбасада во Софија, а само 20.000 во Србија, која пак кај нас се перцепира како најмногу изложена на руско влијание.
Целиот текст на Независен.мк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија дошле 6 милијарди долари руски…
Дури 6 милијарди долари од руски извори…
Во прилепско Канатларци пронајдени 50 рачни бомби
На 23.03.2023 во 13.40 во СВР Битола,…
Во недела избегнувајте го овој дел од…
ЈП Улици и патишта Скопје ги известува…
Наставничка со тврд предмет нападнала дете во…
На 23.03.2023 во 14:30 часот во Полициската…
(Видео) 12-годишниот Ајдин од Босна со изведбата…
Изведбата на традиционалната Македонска песна ,,Јано Мори”…