Во масакрот во Грац убиена 15-годишната Леа од Косово

15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина на Косово, беше убиена во денешниот масакр во училиште во Грац. Информацијата ја потврди претседателот на општина Витина, Сокол Халити.
„Драго семејство Бајрами, бев длабоко трогнат од веста за трагичната загуба на вашата ќерка Леа од нашата општина, која го загуби животот во сериозен напад што се случи денес во градот Грац, Австрија. Овој сериозен настан длабоко нè погоди сите. Губењето на еден млад живот е рана што остава неизбришлива трага во душата на секој од нас. Во мое име и во име на општина Витина, изразувам најискрено и најдлабоко сочувство. Со вас сме во ова тешко време и се молиме Бог да ви даде сила да се справите со оваа голема болка. Споменот за неа секогаш ќе остане жив меѓу нас“, напиша Халити на Фејсбук и ја сподели фотографијата на Леа од детството.
Меѓу убиените имаше и двајца млади луѓе кои се по потекло од Босна и Херцеговина.
„Исто така, изразувам сочувство до мојата пријателка, градоначалничката на Грац, Елке Кар. Во име на општина Витина и нашите граѓани, изразувам најдлабоко сочувство за трагичниот настан што се случи денес во вашиот град, каде што за жал млада девојка од нашата општина го загуби животот заедно со уште девет лица. Свесни сме за предизвиците што ги носи ваков чин на насилство и ја споделуваме со вас и со граѓаните на Грац болката од оваа трагедија. Го цениме вашиот институционален одговор и посветеност на безбедноста на сите граѓани, без оглед на потеклото“, додаде тој.
Босанскиот медиум Klix.ba претходно објави дека меѓу убиените има и двајца млади луѓе од Босна и Херцеговина – 17-годишната К.Ј. и девојката Х.А. Информациите за идентитетот на жртвите ги потврди за Klix.ba имамот во Грац, Сабахудин Хасиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструмот од Грац ѝ испратил проштално видео…
Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на десет…
„Беше тивок, никогаш не би рекол дека…
Во масакрот во училиштето во Грац убиени…
Во масакрот во Грац убиена 15-годишната Леа…
15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина…
Двајца ученици со потекло од БиХ се…
Утрово во училиште во австрискиот град Грац…
Напаѓачот од Грац верувал дека е жртва…
Наставничка во училиштето БОРГ во Грац во…