Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД КАНАДА
Во канадската провинција Алберта е распишан референдум за отцепување од Канада кој ќе се одржи на 19 октомври. Премиерот на Канада, Марк Карни ги повика жителите на Алберта да гласаат против.
„Референдумот е распишан за 19 октомври, а на него граѓаните ќе одлучуваат дали владата на Алберта треба да започне правна постапка за организирање иден референдум за независност.“
– Референдумот доаѓа во најлошиот можен момент. Светот станува се поопасен и поделен. Има такви надвор од нашите граници, кои се обидуваат да нè поделат и да нè стават под своја контрола – истакна Карни вчера на митинг во Калгари, на кој учествуваа околу 5.000 луѓе.
Тој не ги спомна САД, но алудираше на трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп со Канада и неговите постојани закани дека земјата ќе стане 51-ва американска држава.
Гласањето в понеделник нема да биде директен референдум за независност. Жителите на Алберта ќе одлучат дали покраината треба да остане дел од Канада или пак покраинската влада да започне правен процес за организирање референдум за отцепување. Граѓаните избираат меѓу првата и втората опција.
Карни призна дека многу жители на Алберта се легитимно незадоволни од федералните политики, но предупреди дека гласањето за отцепување би довело до години длабока поделба и неизвесност.
Премиерката на Алберта, Даниел Смит, која го организира референдумот, посочи дека Алберта ќе остане дел од Канада. Сепак, сепаратистичките групи веруваат дека гласањето би можело да ја зајакне позицијата на Алберта во преговорите со федералната влада во Отава.
Економски најзначајна провинција на Канада
Алберта е една од десетте канадски провинции, сместена во западниот дел на земјата, со главен град Едмонтон и најголем град Калгари. Таа е меѓу економски најзначајните провинции на Канада, пред сè поради големите резерви на нафта и природен гас, но и развиеното земјоделство. Економската зависност од енергетскиот сектор придонесува за силен конзервативен политички идентитет и за долготрајно незадоволство од федералните политики во Отава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…
Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…
Булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, Ѓорѓиевски:…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
СДСМ: Без табуа, со знаење – младите…
Соопштение за јавност На младинската трибина на…
(Видео) Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите…
Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти…
Кејти Закарија по помалку од една недела…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал новата…