Објавено на:

Во одвоени случаи нападнати тројца малолетници во Скопје

t

Две малолетнички и еден малолетник во три одвоени случаи биле нападнати во Скопје на разни локации.

Од МВР информираат дека вчера околу 16:30 часот Ј.Б.(38) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на ул.„Цветан Димов“ неколку лица физички ја нападнале неговата малолетна ќерка.


Вториот случај е пријавен во 18.30 часот од П.Д.(46) од Скопје кој рекол дека околу 13.00 часот на ул.„Васко Карангелевски“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Околу 23:30 часот синоќа била нападната малолетничка од други две малолетнички. Случајот го пријавил нејзиниот татко С.И.(40) од Скопје. Нападот се случил на ул.„Костурски Херои“.

Од Министерството информираат дека во сите три случаи се работи на нивно расчистување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вистинската гордост: Во Скопје и Битола денес…

Македонското обединувачко движење (МОД) од Битола денеска ќе одржи собири…

Утре со посебен сообраќаен режим Скопје поради…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

ССМ во понеделник ќе го блокира влезот…

Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ на денешната седница…

(Фото) Непознати сторители “декорирале” споменик донација од…

Споменикот на коњаникот Мадара во паркот на…

Цената на становите ќе стагнира пренесуваат консултантите…

Стагнација на цената на метар квадратен. По…