Во Скопје казнети 142 возачи во текот на вчерашниот ден

t

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 46 за непрописно паркирање.


-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Лазаров: Невозможна мисија беше да…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров,…

И официјaлно: Владата го пpoдолжи pacпустот, учениците…

Кризниот штаб препорача, а Владата вечерва на…

Омикpон е присутен во седум македонски градови

Омикрон сојот на коронавирусот е откриен во…

Мицкоски со понуда до Ковачевски – Ајде…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју…

Мицкоски: Еве Бугарија барем една пpecyда од…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва гостува…