Во Србија две партии формираа блок против руските санкции
Заветници и Двери формираа блок против санкциите против Русија, пренесува Спутник Србија.
Претседателот на партијата Заветници, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ денеска го официјализираа почетокот на соработката меѓу двете партии во, како што рекоа, зачувување на државните, националните и економските интереси на Србија.
Ѓурѓевиќ Стаменковски на прес-конференција рече дека не се работи за некаква предизборна коалиција, ниту за обединување мандати, туку за собирање, пред се против воведувањето санкции против Русија и за вредностите и зачувувањето на надворешнополитичката независност и воена неутралност.
Таа додаде дека Србија се соочува со бројни притисоци, пред се од Брисел и Берлин, да воведе санкции кон Русија, со, како што рече, „постојниот ултиматум да го предаде Космет“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…