Тројца уапсени во Србија по пад на девојче од рингишпил
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството за внатрешни работи уапсија три лица – Ф.В. (47), К.В. (42) и германскиот државјанин М.Р. (19), под сомнение дека сториле тешки дела против јавната безбедност, откако на импровизиран паркинг на улицата Дунавска се случи сериозен инцидент.
Според информациите од полицијата, осомничените управувале со рингишпил без да ги почитуваат пропишаните безбедносни мерки. Во несреќата, 13-годишно девојче паднало од едно од седиштата и се здобило со тешки телесни повреди. Повредената е веднаш префрлена во Клиничкиот центар во Нови Сад, каде е згрижена.
По налог на Основното јавно обвинителство во Стара Пазова, тројцата осомничени се задржани во притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред обвинител за понатамошна постапка.
Обвинителството веќе нареди детална истрага, вклучително и собирање на сите релевантни материјални докази, фотографска документација, изјави од очевидци и список на можни оштетени. Целта е утврдување на точната одговорност на осомничените и правна разрешница за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: „Ќе се обидат да ме убијат,…
Александар Вучиќ денеска изјави дека новата власт…
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…
Се урна воен авион на Војската на…
Во близина на населените места Нова и…
(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…
Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…
Новиот состав на српското Собрание денеска на…
Конститутивната седница на новиот состав на Собранието…