Објавено на:

Во Србија се отвори првата фабрика за хуманоидни роботи

t

Во Шабац денеска е отворена првата фабрика за хуманоидни роботи во Србија, инвестиција на кинеската групација „Минт“, која во земјата работи од 2018 година.

На отворањето присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со претставници на компанијата, бизнис-секторот и локалните власти.

Во новиот погон ќе се произведуваат хуманоидни роботи наменети за различни задачи, најпрво за индустриска употреба, а во иднина и за примена во домаќинствата. Според најавите, роботите ќе се произведуваат како основни уреди, а потоа со помош на вештачка интелигенција ќе се програмираат за конкретни функции.

„Минт“ досега има отворено 10 фабрики во Србија, од кои четири се во Шабац. Во новата фабрика се инвестирани 20 милиони евра, а планирано е да бидат отворени меѓу 200 и 250 работни места.

По целосното завршување на проектот, се очекува од Шабац годишно да се извезуваат околу 20.000 хуманоидни роботи на пазарот на Европската Унија.

Роботите првично ќе се користат во индустријата, каде преку сензомоторни системи ќе можат да фаќаат и преместуваат предмети и да извршуваат различни повторливи задачи.

Проектот треба да ги поврзе производството на хардвер и развојот на софтвер, а во рамки на фабриката е најавен и простор од околу 3.000 квадратни метри за демонстрација на способностите на роботите.

Од инвестицијата се очекува влијание и врз образованието и пазарот на труд во Шабац, особено за младите кои се школуваат во областа на програмирањето и современите технологии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија се отвори првата фабрика за…

Во Шабац денеска е отворена првата фабрика…

Невреме на Кипар – еден повреден од…

Еден повреден од удар на гром, поплавени…

Над 3 милиони невработени во Германија: пазарот…

Бројот на невработени во Германија и во…

Словенија планира построги услови за странци, за…

Словенија подготвува значително построги услови за престој…