Во Струмица во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците во случај на пожар

t

Во Струмица во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците во случај на пожар, соопшти на Фејсбук градоначалникот Костадин Костадинов.

– Почитувани сограѓани,

Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на општина Струмица, во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе бидат организирани со учество на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.

Апелирам до сите граѓани да не создаваат паника ако приметат невообичаени случувања или интервенции на терен, бидејќи станува збор за вежби и симулации.

Овие активности се дел од нашите редовни подготовки за брзо и ефективно реагирање во случаи на непредвидени настани, и се изведуваат со цел зголемување на безбедноста на нашите ученици и вработени.

Таквите вежби во различни училишта ќе ги има еднаш неделно.

Ви благодариме за разбирањето и соработката. – напиша Костадинов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…

Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица…

Реков дека ќе има ред во Струмица…