Во тек е затворена седница на Комисијата за одбрана – тема се преземените мерки за лажните дојави за бомби

t

Комисиската седница се одржува додека во меѓувреме траат антитерористичките проверки во училиштата во дел од градовите кои денеска добија дојави за поставени бомби во своите објекти.

Лажните дојави за поставени бомби во земјава, како и мерките и активностите што се преземаат во оваа насока е единствена точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност која започна попладнево. Седницата е од затворен тип, а на неа присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Комисиската седница се одржува додека во меѓувреме траат антитерористичките проверки во училиштата кои денеска добија дојави за поставени бомби во своите објекти.

Заканувачки пораки, според информации на МВР, денеска добија три училишта во Битола, по две училишта во Тетово и Прилеп, седум училишта во Скопје и едно училиште во струшко Подгорци.

По добиените пријави за поставени експлозивни направи, од МВР информираа дека антитерористичките екипи вршат проверки и преземаат мерки за расчистување на случаите.

Пред собраниската Комисија за надзор над работата на безбедносните служби, пак, утре треба да реферира Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во врска со активностите што ги презела во врска со континуираните дојави за поставени бомби.

На седницата пред Комисијата се очекува да реферира новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По затварањето на Алта банка во Србија…

Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…

Брнабиќ контра Вучиќ „Најтешко ми паѓа што…

Нејзината изјава доаѓа во период на политички…

Трамп призна дека војната со Иран придонела…

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со…

Хакери се обиделе да ги уништат резервите…

Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…