Во тек е изградба на нова полициска станица на местото на старите бараки во Аеродром

t

Дополнителниот технички заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев, денеска изврши увид во градежните работи на новата зграда за полициска станица во Аеродром, која се гради на местото на старите бараки во кои работеа вработените во МВР.

– Денеска извршив увид во градежните активности на новата Полициска станица од општа надлежност во Аеродром, за која од страна на раководството на МВР во 2018 година беше констатирана потребата од нов објект, заради тоа што постојниот објект беше стара барака, со висок степен на амортизираност, дотраеност и со мала корисна вредност.

Во период од околу 6 месеци реализирано е рушење на старата барака, расчистување на градилиштето од вегетација, дислокација на стари инсталации, и изведена е фаза на завршна карабина на објектот. Во моментот на објектот се изведуваат низа градежни и градежно занатски работи – крово-покривачки работи, ѕидање на надворешни и внатрешни ѕидови, отпочнување на фаза поставување на електрична инсталација, изведба на надворешни шахти за инсталации.

Новопроектираниот објект за Полициската станица Аеродром се изведува на парцела со површина 3469,14 м2, со површина на градба од 781,94 м2 и максимална површина по катови од 1564 м2 (подрум, приземје и кат). Планиран е и паркинг простор за 30 службени возила, како и парковско и заштитно зеленило.

Императив за МВР е исполнувањето на европските стандарди на полициското работење. МВР во континуитет дава и значителен придонес кон остварување на политиката на енергетска ефикасност за зградите преку мерки и активности за ефикасно користење на енергијата и заштита на животната средина, што е запазено во најголем дел од досега 80-те реконструирани објекти на Министерството низ државата. – напиша Бојмацалиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЧАД И ОТРОВИ НАМЕСТО ВОЗДУХ ВО ЛЕТО!…

Сопругата на Апасиев, Тамара Јованов, на Фејсбук…

Дојава за бомба на софискиот аеродром

На аеродромот во Софија денеска е пријавена…

Левица поднесе претставка против Муцунски и претседавачот…

Започна првиот правен чекор во борбата за…

Доставувач нападнат со нож и ограбен во…

Доставувач бил нападнат на подрачјето на скопски…

Мојсоска: Левица е втора партија во Кисела…

Левица веќе се наметнува како втора партија…