Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони тутун, неколку машини за негова преработка, како и суровина за пакување цигари во нелегално изграден магацин во местото Грбе во близина на Даниловград.
Магацинот се наоѓа на земјиштето на жителот на Никшиќ, Александар Мркиќ, по кого е распишана меѓународна потерница поради сомнение за создавање криминална организација, перење пари и шверц, соопшти Полициската управа.
Мркиќ, бегалец од листата на барани лица на Интерпол, е познат повеќе од една деценија како важна алка во таканаречениот клан Мојковац, објавија утрово Вијести.
Полицијата два дена ги попишуваше пронајдените тутун, машини и друга опрема.
Поради пронајдената опрема, истражителите се сомневаат дека објектите не само што се користеле како магацини, туку дека тутунот се преработувал, пакувал и подготвувал за производство на цигари наменети за нелегалниот пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Црна Гора откриен нелегален магацин со…
Црногорската полиција соопшти дека пронашла 13,5 тони…
Изгореа магацински простории на „Стокомак“ кај Струмица
Попладнево околу 17 часот пожар ги зафатил…