Во Шуто Оризари изгореле над 20 дуќани – сите во сопственост на еден човек: МВР со детали за пожарот

t

Над 20 дуќани биле опожарени во пожар што избувнал рано утринава во трговски центар во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, сите опожарени дуќани се сопственост на едно лице и биле дадени под закуп.

Пожарот избувнал околу 03:20 часот, кога случајот бил пријавен во СВР Скопје. Во дуќаните имало текстилна и друга стока.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Во пожарот нема повредени лица.

Од МВР информираат дека ќе биде извршен увид на местото, по што ќе се преземат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…