Во 113 година од животот почина најстариот маж во светот

Најстариот маж во светот, Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Шпанија, почина на возраст од 112 години и 341 ден, соопшти Гинисовата книга на рекорди.
Гарсија во септември, 2021 година го собори Гинисовиот рекорд за најстара личност во светот, пренесе Њујорк Пост. Следниот месец ќе славеше својот 113 роденден.
Роден е на 11 февруари 1909 година, а зад себе остави 7 ќерки, 14 внуци и 22 правнуци. Во 1933 година се оженил со Антонина Барио Гутерес.
Бил висок само метар и половина поради што успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936 година. Наместо тоа, почнал да работи како чевлар кој благодарение на одличните вештини и креативноста се прославил како еден од најдобрите чевлари.
Втора страст му била фудбалот, па затоа и оформил локален фудбалски тим во Пуенте Кастро.
Гарсија во една прилика изјави дека како рецепт за долг живот не треба никого да повредувате.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџерка избодела соученик во училиште во Перт
15-годишно девојче е обвинето дека избодело 16-годишно…
Орбан посеа паника во Европа?
Една недела пред состанокот на Европскиот совет…
Саудиски принц загина во авионска несреќа
Принцот Талал бин Абдулазиз загинал за време…
Шолц е прв германски канцелар кој запали…
Канцеларот Олаф Шолц изрази „солидарност“ со Евреите…
Приведен скопјанец: Со пиштол пукал и нападнал…
Денеска, од страна на Единица за насилен…