Вработени во Националниот музеј во Сараево печеле прасе на ражен

t

Лицето Ј.В. доби казна од 200 конвертибилни марки откако припадници на Министерството за внатрешни работи на Кантон Сараево излегоа на терен и добија информација дека во Ботаничката градина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина се снимени сцени на луѓе кои вртат прасе на ражен, пренесува Klix.ba.

Управата на Националниот музеј, кој се наоѓа во центарот на Сараево, упати апел за конкретна реакција и санкционирање на сторителите, а министерот за полиција на Сараевскиот кантон, Адмир Катица, рече дека полицајците ја издале оваа прекршочна наредба врз основа на Одлуката за прекршоци против јавниот ред и мир на Општина Центар.

„Иако полицајците од Полициската управа на МУП на Сараевскиот кантон ги известија сите надлежни административни инспекции и други органи за горенаведеното, тие се прогласија за ненадлежни во ова прашање. Не само како министер за внатрешни работи, туку и како личност и граѓанин на овој град, ги повикувам властите итно да го решат нерешениот статус на Националниот музеј и поврзаните правни спорови, да го заштитат националниот споменик и да го спречат срамот и понижувањето на институцијата, градот и сите граѓани“, рече Катица.

Како што додаде, полицијата секогаш ќе дејствува и ќе го прави она што е во нивна надлежност, „но овој проблем е многу посложен и време е да се вклучат сите што се засегнати“м додаде министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Националниот музеј во Сараево печеле…

Лицето Ј.В. доби казна од 200 конвертибилни…

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Сопругот ја уби новинарката Елма Годињак во…

Новинарката Елма Годињак (41) вчера е убиена…

„Системот ја убива младоста“ – Нов протест…

Граѓани на Сараево и други градови во…

Нова трамвајска несреќа во Сараево: Возачот бил…

Уште една трамвајска несреќа се случила во…