Вработени кои се на боледување се сликаат на Инстаграм од Италија – Клековски не отстапува од измените во новиот правилник за боледување

t

Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите во јавноста за измените во Правилникот за боледување рече дека целта е да има повеќе контроли за боледувањата, а помалку злоупотреби. Според него сите предложени решенија се темелат на компаративни анализи и искуства од европски земји, а не на ограничување на правата на пациентите.

„Има ситуации во кои луѓе што се на боледување објавуваат фотографии од одмор во Италија на Инстаграм“, рече Клековски како пример на злоупотреби на боледувањата.

„Од друга страна, се загалам за олеснување на оние што навистина се болни и имаат трајни дијагнози и кои нема да се променат, дали се онколошки или автоимуни или потешки дијагнози. Треба да ја релаксираме администрацијата, каде што е јасно дека дијагнозата е непроменлива, а малку повеќе да го оневозмжиме земањето боледување за спојување празници, за одење на годишен одмор кога сакаме да одиме. Со законот не е предвидено да одиме на годишен одмор кога сакаме, има колку дена може да ги користиме кога сакаме сите ние и земање годишни одмори во јавната администрација да се работи на друго место. Имаме јавни примери, каде што луѓе што се на боледување работат друга работа. Сакаме тоа да го сузбиеме, а не да малтретираме, рече Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени кои се на боледување се сликаат…

Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…

МВР: За осум месеци 34 помалку загинати…

Податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни…

Европа предупредува на руски саботажи, но засега…

Европски министри предупредија дека се зголемуваат саботажите,…

За сите брачни парови кои досега не…

Повардарската епархија и годинава организира бесплатни групни…

Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот…

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на престојот…