„Време е да докажам дека заслужувам да го носам дресот на Македонија!“

Дефанзивецот на турскиот прволигаш Демирспор, Јован Манев, е пред шанса да дебитира за сениорската репрезентација на Македонија, откако дополнително беше повикан за настап на понеделничкиот пријателски дуел против Фарски острови.
Тој треба да ја пополни празнината на стопрската линија по заминувањето на Муслиу и повредата на Зајков.
„Среќен сум што добив покана од селекторот и ќе се потрудам во првата средба за А-селекцијата да ја оправдам довербата. За мене ова е исполнување на сонот. Сега е време да се докажам и во најдобрата македонска селекција“, изјави Манев за „Штипски асови“.
Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во понеделник во Скопје од 18 часот, а доаѓа по квалификациската победа над Малта (2-1) во циклусот за ЕП 2024.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Време е да докажам дека заслужувам да…
Дефанзивецот на турскиот прволигаш Демирспор, Јован Манев,…
Се јави Макрон: Договорот Србија-Косово е важен…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…
Притвор за осомничен за кражби на мобилни…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
И ова може да ти се случи…
На четириесет и двегодишен битолчанец му се…
Нели немаше да ги има: ДВОЈАЗИЧНИ УНИФОРМИ…
Од денеска, како што е објавено во…