Вучиќ доби список со седум лица кои му спремале aтентат

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него.

Според претседателот, можни причини за планираниот атентат е борбата против нарко-картелите во Србија, но и потребата да се дестабилизира земјата.

„Направивме многу со големите апсења на нарко картелите во Србија и тие сега не можат да функционираат ако немаат поддршка од одредени државни структури. Тука не станува збор за 10 милиони евра, туку стотина милиони и милијарди евра. Јас никој од тие лица чиишто седум имиња ги добив, ни сум видел, ни сум чул. Не постои лична работа. Исто така дестабилизација на Србија би можела да биде во интерес. Тоа се некои од можните причини“, изјави Вучиќ во интервју за ТВ Пинк.

Тој рече информацијата за планираниот атентат ја добил од земја-членка на ЕУ на 14 јануари.

Претходно, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека информацијата за атентатот ја добиле писмено преку „Европол“ и дека ова не се случува првпат.

„Го пишуваше името Радоје Звицер. Дека тој е на чело на криминалната група, јас не знам, се сомневам во тоа, мислам дека постои некој над Звицер. Но, тоа ќе го покаже истрагата. За мене е најважно да го спречиме атентатот и да го заштитиме животот на претседателот“, рече Брнабиќ, додавајќи дека на списокот имало уште шест други имиња

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…