Вучиќ: Доколку опозицијата инсистира, ќе предложам нови градски избори во Белград

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека доколку најголемата опозициска изборна листа во Белград (Обединети за Белград) сака да оди на предвремени градски избори, тоа ќе му го предложи на главниот одбор на Српската напредна партија (СНС), јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ на ТВ Пинк истакна дека мисли дека треба да поминат шест месеци, но дека е подготвен за тоа уште порано, а на претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, да размислат сами дали го сакаат тоа.
-Мислам дека во ноември не е реално, се плашам дека тогаш нема да им одговара, треба да размислат, а мојот одговор во суштина е да, изјави Вучиќ.
Како што кажа, го информирал Ѓилас дека имаат мнозинство за формирање на власт во Собранието на Белград, оти Ѓилас рекол дека го разбира тоа, но дека го посочил прашањето за легитимитетот.
Вучиќ оцени дека не мисли оти проблем на власта на СНС ќе биде легитимитетот, но дека ако опозицијата го покрене ова прашање, тој е подготвен за нови белградски избори.
Тој посочи дека Ѓилас ја преставува изборната листа која била втора најсилна на изборите на 3 април и дека ССП сега е веројатно трета најсилна партија во Србија.
На новинарско прашање на ТВ Пинк, колку ќе ја чини Србија воведувањето санкции кон Русија, Вучиќ кажа дека „сè има цена“ и укажа дека Русија секогаш пружала подршка на територијалниот интегритет на Србија.
-Наша работа е да постапуваме во согласност со меѓународното јавно право и да ги почитуваме принципите…Многу нè чини тоа што не воведовме санкции, а нивното воведување би нè чинело нашиот принцип да не наметнуваме санкции на никого, бидејќи знаеме колку е тоа неморално, посочи Вучиќ.
Тој објасни и дека летовите на „Ер Србија“ кон Русија не носат никаков профит, но дека Србија тие летови ги одржува од принцип. Српскиот претседател се осврна и на дојавите за бомби во тие авиони и додаде дека истите дошле од службите на една земја од Европската унија и од Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преполовени германските работни дозволи за Македонија и…
Од досегашните 50.000 дозволени работници, Германија одлучи…
Ученици од Крива Паланка собираат донации за…
Средношколците од училишната заедница на средното општинско…
(Видео) „Би-би-си“ со реконструкција за пожарот во…
„Би-би-си“ направи реконструкција на пожарот во дискотката…
Додик: Или нов договор или да се…
Водечките претставници на Република Српска изјавија дека…
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање…
Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за…