Вучиќ: Домашни тајкуни и странски сили работат против интересите на Србија

t

Одредени домашни и странски сили и тајкуни работат против интересите на Србија, истакна во гостување на Телевизија Хепи претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Претседателот истакна дека доколку победи неговата опција „Србија не смее да запре“ предводена од него, државата ќе продолжи финансиски да ги поддржува граѓаните и дека се планираат и други големи проекти.

Тој додаде дека, доколку загубат на овие избори, ќе ги признаат резултатите и ќе ги остават „експертите“ да ја водат Србија „под палката на Ѓилас“.

Според него, луѓето треба да знаат дека по изборите сите листи на опозицијата ќе се обединат и ќе станат едно во ист ден.

– Има две опции – за ‘Србија не смее да запре’ или за списокот на Драган Ѓилас. Која е разликата освен некој што се обидува да ти го одземе патриотскиот глас. Овој пат не се кријат – рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…