Вучиќ за штрајкот со глад на опозицијата: Ништо нема да постигнат, како што не постигна Томислав Николиќ

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ не го поддржува штрајкот со глад на опозицијата. Според него, опозиционерите можат „слободно можат да престанат и да се вратат на своите должности – можат да организираат протести секој ден“.

Тој во своето обраќање посочи дека штрајкуваат со глад и приврзаници на власта, „борејќи се против изборните кражби од оние од опозицијата, но никој не сакал да објави“.

Вучиќ потсети на случајот кога Томислав Николиќ штрајкуваше со глад во 2011 година, изјавувајќи дека „не постигнал ништо со тоа, само си го загрозил здравјето“.

„Убаво нека се вратат на обврските. Тие можат да организираат протести секој ден. Секојдневно имаме протести пред Претседателството“, рече Вучиќ.

Зборувајќи за изјавата на Драган Ѓилас дека „Ана Брнабиќ е комбинација од Сима Спасиќ, Воислав Шешељ и Јована Јеремиќ“, Вучиќ рече дека сите тројца се многу почесни од Драган Ѓилас.

„Мислам дека на Брнабиќ ѝ е поважно што мислат граѓаните на Србија за неа. Јас за неа мислам се’ најдобро. Мислам дека израсна во голем борец“, рече Вучиќ и додаде дека се борела многу повеќе од потенцијалните кандидати за премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…