Објавено на:

Вучиќ: И Србите и Бошњаците во Нови Пазар сакаат мир и стабилност

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србите и Бошњаците во Нови Пазар сакаат мир и стабилност и дека сите оние што го прекршиле законот ќе бидат повикани на одговорност.

Вучиќ, зборувајќи на РТС, рече дека мирот и стабилноста во земјата ќе бидат зачувани. Тој истакна дека полицијата вчера ја заштитила зградата на Државниот универзитет во Нови Пазар од како што рече, студентските блокади и дека се обидела да не употреби ниту минимална сила против оние што брутално го прекршиле законот. Вучиќ рече дека полицијата никому не му згрешила ништо и дека се однесувала професионално.

„Она што е најважно за народот на Србија, би рекол, и за Бошњаците и за Србите, е да го зачуваме мирот и стабилноста, и колку што Србите беа исплашени синоќа, толку беа и Бошњаците загрижени. И двете страни сакаат мир, стабилност, не сакаат никакви конфликти, бидејќи морам да признаам, освен фактот дека тоа не може да донесе никому ништо добро, каков е рационалниот исход од тоа? Што може да се постигне со тоа?“ рече Вучиќ и додаде: „Важно е емоциите да се смират, сите да седнеме да разговараме и сите што се одговорни да бидат повикани на одговорност“, рече Вучиќ.

Тој исто така најави дека наскоро ќе оди во Нови Пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: И Србите и Бошњаците во Нови…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…

Залутан куршум за малку ќе погодел дедо…

Залутан куршум завчера вечерта пробил покрив од…

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до…

До крајот на 2027 година треба да…

Украински офицер уапсен за шпионажа – ѝ…

Безбедносната служба на Украина (СБУ) соопшти дека…

Левица: Наместо данок за немажени и неженети,…

ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ПАКЕТ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА МЛАДИТЕ…