Украински офицер уапсен за шпионажа – ѝ давал информации на Русија за авионите Ф-16 и „Мираж 2000“
Безбедносната служба на Украина (СБУ) соопшти дека е уапсен авијациски офицер, мајор и инструктор по летање, под сомнение за шпионажа во корист на Русија.
Според СБУ, тој ѝ предавал на руската страна доверливи информации за локациите на борбените авиони Ф-16, „Мираж 2000“ и Су-24, како и податоци за персоналот и борбените тактики на украинските воздухопловни сили.
Офицерот наводно дал координати на аеродромите каде што се стационирани авионите и предложил можни тактики за напади.
„Приоритетна цел на непријателот се аеродромите со авионите Ф-16, ‘Мираж 2000’ и Су-24“, соопшти СБУ, пренесе Ројтерс.
Истрагата е во тек, а офицерот се соочува со сериозни обвиненија за оддавање воена тајна и загрозување на националната безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…