Вучиќ му организираше вечера на Зеленски, разговараат за европскиот пат и економските врски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во својата прва официјална билатерална посета на Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ му приреди прием и вечера во Белград, со што започнаа официјалните средби на кои фокусот ќе биде ставен врз евроинтеграциите, безбедносните прашања и проширувањето на економските врски меѓу двете земји.
На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, украинскиот претседател го дочека министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, по што следуваше формалниот дел од посетата. Ова е прва официјална билатерална посета на Зеленски на Србија од почетокот на неговиот мандат.
За време на вечерата организирана во негова чест, Вучиќ истакна дека оваа посета претставува можност за дополнително отворање разговор за темите што ќе бидат во фокусот на официјалните состаноци, со посебен акцент на европскиот пат на двете држави.
Украинскиот претседател преку социјалните мрежи потврди дека во рамки на посетата се предвидени важни преговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Ѓуро Мацут.
Според Зеленски, агендата вклучува прашања поврзани со проширување на економската соработка, односите со Европската Унија, како и клучни безбедносни теми од заеднички интерес. Тој потенцираше дека Украина е подготвена за конструктивна работа на основа на взаемно почитување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ му организираше вечера на Зеленски, разговараат…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во својата…
(Видео) Бунт во затворите во Шри Ланка,…
Насилство избувна во затворите во Шри Ланка,…
Путин би можел да го нападне НАТО,…
Американските разузнавачки служби проценуваат дека рускиот претседател…
Ангелов се надева дека водата во Гостивар…
Состојбата со водата во Гостивар постепено се…
Словенија се соочува со суша, Министерството за…
Поради силната суша што ја погоди Словенија,…