Објавено на:

Вучиќ најави нови инвестиции од француски компании во Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија не е во состојба да управува со големи системи, како што е метрото во Белград, и дека се отвора простор за француските компании.

Тој во Париз на деловниот совет Франција-Србија посочи дека на Србија и е потребна соработка со компании за изградба на депонии, управување со отпад и во други области, со кои се склучуваат големи договори долги години.

„Исто така, со нетрпение очекуваме идна соработка во областа на вештачката интелигенција, а вчера почнавме да разговараме со Француската компанија за електрична енергија (EDF) за нуклеарната енергија, за нуклеарните реактори, тоа е зелената енергија, енергијата која ќе создаде одржлив систем за Србија. Во спротивно, за 20 години нема да можеме да снабдуваме доволно струја не само на нашата индустрија, туку и на нашето население“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека се работи за големи инвестиции, но дека Србија е подготвена тесно да соработува со Франција.

Вучиќ им порача на француските бизнисмени дека Србија има добри јавни финансии и макроекономски показатели.

На средбата со претставниците на француската деловна асоцијација Движење на француски претприемачи – МЕДЕФ Интернационал, тој рече дека Србија го подобрила својот рејтинг во агенцијата Стандард и Пурс и дека сега е на само еден чекор од рејтинг за инвестиции и дека нашата земја веројатно би го добил ако е членка.нато или ЕУ.

Како што наведе тој, трговската размена меѓу Србија и Франција е зголемена во последните години, но дека е можно таа да биде уште поголема.

Според Вучиќ, Србија има спроведено многу реформи, пред се во државните претпријатија, но, како што додаде, има и многу други работи во други области, вклучително и владеењето на правото, кои треба да се подобрат.

„Во Србија во 339 француски компании кои работат во нашата земја работат 11.125 луѓе“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија е можно да има референдум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…

(Видео) Средба Тошковски-Вучевиќ: Србија е сосед кој…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска…

(Видео) Дачиќ за Инфомакс: Очекуваме Македонија да…

Србија очекува Македонија да го екстрадира поранешниот…

Просечната плата во Србија достигна историски 100.000…

Министерот за финансии во Владата на Србија…

Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение…

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска…