Објавено на:

Вучиќ најави оставка

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека граѓаните можат да ја очекуваат неговата оставка на крајот на јули, нагласувајќи дека одлуката ќе зависи од политичките околности и неговата лична енергија.

Тој посочи дека секоја негова одлука ќе биде транспарентна и навремено соопштена, како што нагласи, без изненадувања за јавноста.

„Што и да правам и каква и да е одлуката што ќе ја донесам, тоа ќе биде транспарентно“, изјави Вучиќ, додавајќи дека наскоро ќе биде презентиран нов пакет економски мерки за граѓаните.

Претседателот на Србија најави и дека во земјата би можеле да се одржат избори во наредните три до четири месеци, при што потенцираше дека нема да криe евентуални политички одлуки поврзани со кандидати за високи функции.

Тој истакна дека секогаш бил избиран на функциите што ги извршувал и дека, како што рече, покрај легалноста, за него е важен и легитимитетот.

„И ако народот одлучи, така ќе биде“, додаде Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ најави оставка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

Кремљ потврди дека разговара за увоз на…

Кремљ потврди дека руската влада е во…

(Фото) Ова е професорката Тамара (39) од…

Професорката Тамара А. од Универзитетот „Гоце Делчев“…

Мицкоски потврди: Здравство и социјала со нови…

ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерски места со…

Мицкоски оствари средба со генерал Гринкевич, врховен…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…