Вучиќ најави оставка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека граѓаните можат да ја очекуваат неговата оставка на крајот на јули, нагласувајќи дека одлуката ќе зависи од политичките околности и неговата лична енергија.
Тој посочи дека секоја негова одлука ќе биде транспарентна и навремено соопштена, како што нагласи, без изненадувања за јавноста.
„Што и да правам и каква и да е одлуката што ќе ја донесам, тоа ќе биде транспарентно“, изјави Вучиќ, додавајќи дека наскоро ќе биде презентиран нов пакет економски мерки за граѓаните.
Претседателот на Србија најави и дека во земјата би можеле да се одржат избори во наредните три до четири месеци, при што потенцираше дека нема да криe евентуални политички одлуки поврзани со кандидати за високи функции.
Тој истакна дека секогаш бил избиран на функциите што ги извршувал и дека, како што рече, покрај легалноста, за него е важен и легитимитетот.
„И ако народот одлучи, така ќе биде“, додаде Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски со честитки за РК Вардар за…
Министерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше…
Индијците го измамија естонскиот министер за одбрана…
Индијците го измамија естонскиот министер за одбрана…
МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација…
Полицијата под раководство на ОЈО за ГОКК,…
Туск обвини Русија за саботажа: Пожарот е…
Пожарот во полската фабрика за беспилотни летала…
Џабе се радуваше опозицијата – Маѓар: Унгарија…
Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување…