Објавено на:

Вучиќ: Најмногу ме погоди што Македонија гласаше за Резолуцијата за Сребреница

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во интервју за ТВ Прва се пожали дека најмногу го погодило тоа што Македонија гласаше за поддршка на Резолуцијата за геноцид. Вучиќ вели дека тоа што Црна Гора гласала „за“ не го погодило бидејќи тоа го очекувал, но оти е разочаран од гласот од Македонија.

-Ме погоди Македонија. Без разлика на приказната дека тоа е претходната влада, а од претходната влада ќе кажат не сме ние туку Албанците  и ќе има безброј оправдувања. Најмногу вложив во односите со нашите македонски браќа и тие за нас секогаш ќе бидат браќа, но односот не е фер. Се покажа дека Грција имаше поголема „кичма“ од Македонија. Тоа ме погоди а Црна Гора не бидејќи тоа го очекував- вели Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија е можно да има референдум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…

(Видео) Средба Тошковски-Вучевиќ: Србија е сосед кој…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска…

(Видео) Дачиќ за Инфомакс: Очекуваме Македонија да…

Србија очекува Македонија да го екстрадира поранешниот…

Просечната плата во Србија достигна историски 100.000…

Министерот за финансии во Владата на Србија…

Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение…

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска…