Вучиќ: На референдумот 60,48 отсто од излезените граѓани гласаа „за“

t

Според прелиминарните резултати граѓаните на Србија на референдумот за промена на Уставот во областа на правосудството се изјаснија за промени, соопшти вечерва претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Според него, за „не“ на референдумот за уставни промени гласале 39,52 отсто.

Во Србија во 20 часот се затворени гласачките места на кои граѓаните на Србија се изјаснуваа на референдумот за промена на српскиот устав во областа на правосудството. Право на глас имаа 6.510.323 граѓани. Граѓаните на прашањето „Дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија“ се изјаснуваа со одговори „да“ или „не“. Не постои цензус во поглед на излезноста за да успее референдумот.

„Им честитам на граѓаните на Србија, им честитам на сите кои гласаа и за „да“ и за „не“, тоа беше нивно демократско определување. Задоволен сум како сето тоа изгледаше. Србија испрати позитивна слика во светот и верувам дека ќе успееме во наредниот период да направиме нешто по прашањето за суштински независно судство. Мислам дека направивме добра работа за својата земја“, истакна Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…