Објавено на:

Вучиќ по посетата на Берлин: Србија не може да го смени ставот на Германија за Косово, но ќе преживееме со модринки или тешки рани

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со германската министерка за надворешни работи Аналена Барбок изјави дека разговорите во Берлин не биле лесни, но дека е задоволен од големиот интерес на германската Влада за разговор со Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Нашата позиција е тешка, секако ужасно комплицирана, а со изјавите на претседателот Путин таа дополнително е искомплицирана. За сето тоа ќе зборувам утре. Се плашам од се што следи, изјави Вучиќ пред новинарите во Берлин по средбата со Барбок.

Тој порача дека „не можеме да ја бираме и да ја смениме Германија“, и дека ако некој мисли дека Србија ќе го промени ставот на Германија за прашањето за Косово – „тоа нема да се случи“.

Тој неколку пати изјави дека утре вечер во своето обраќање до јавноста ќе зборува за сите проблеми и зошто „интересот на сите за Србија ќе стане уште поголем“.

Вучиќ кажа дека со Бербок разговарал за европската перспектива на Србија, кризата во Украина и ситуацијата во Косово и дека има делови од разговорот кои „не биле лесни“.

Запрашан дали „Србија ќе преживее“, тој одговори – секако.

– Прашањето не е дали ќе преживееме, туку како ќе преживееме – дали сакаме да поминеме со модринки или тешки рани, кажа српскиот претседател.

На прашањето дали е можен „посилен пресврт во српската политика“, тој кажа дека „не знае за каков пресврт, кога Србија е на европскиот пат“.

– Дали ќе има овакви или онакви тактички работи не мора да значи, тоа е прашање на дневното ниво на реакции, оцени Вучиќ.

Претседателот на Србија вчера се сретна и со канцеларот на Германија, Олаф Шолц, со кого одвоена средба имаше и премиерот на Косово, Албин Курти, како и со посредникот на ЕУ во дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…