Вучиќ се сретна со Нетанјаху во Њујорк
Српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на 80-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, оствари средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдул бин Зајед ал-Нахјан, и со неколку европски и регионални лидери. Вучиќ во објава на социјалните мрежи изјави дека имал добар и значаен разговор со израелскиот премиер.
„Особено е важно што ја отворивме темата за преговори за договор за слободна трговија меѓу Србија и Израел, што би бил голем чекор во развојот на нашите идни односи“, напиша Вучиќ.
Во Њујорк, српскиот претседател разговараше и со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдул бин Зајед ал-Нахјан, за соработката и зајакнувањето на врските меѓу двете земји. Вучиќ нагласи дека верува оти соработката меѓу Србија и ОАЕ ќе продолжи да се развива врз основа на доверба, меѓусебно почитување и заедничка визија за просперитетна иднина. Тој изјави дека Србија го цени партнерството со ОАЕ, засновано на заеднички вредности и долгорочна визија за подобра иднина.
„Го замолив да ги пренесе моите топли поздрави до шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, голем и важен пријател на Србија, чиј придонес во зајакнувањето на врските меѓу нашите земји е од особено значење и кој неуморно работи на зајакнување на пријателството меѓу нашите народи“, додаде Вучиќ.
Вучиќ изјави дека разговарал и со неколку европски и регионални лидери, нагласувајќи дека Србија е почитувана и признаена насекаде. Тој изјави дека разговарал со шпанскиот премиер Педро Санчез, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ се сретна со Нетанјаху во Њујорк
Српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на…
Oбвинет Џејмс Коми, поранешниот директор на ФБИ
Поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ),…
Унгарија официјално ја прогласи Антифа за терористичка…
Унгарската влада одлучи да ја прогласи Антифа…
Петровска: Предлог Резолуцијата за црвените линии е…
Пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“…
Штипјанец лишен од слобода поради предизвикување пожар…
На 25.09.2025 во 14:10 часот во с.Љуботен,…