Петровска: Предлог Резолуцијата за црвените линии е подадена рака за иднината на државата

t

Пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека Резолуцијата на СДСМ и претседателот Филипче за црвените линии е подадена рака за заедништво и заеднички исчекор за иднината на државата.

-СДСМ од позиција на опозиција смета дека треба да подаде рака, бидејќи има чувство за државата и за граѓаните, кои секојдневно бегаат од државата. За македонскиот идентитет никогаш не се преговара, ниту за македонскиот јазик и секогаш тие мора да бидат заштитени. Ова треба да го сметаат како подадена рака која очигледно ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува, но должни сме да го направиме тој исчекор, пред се, заради државата, порача Петровска.

Како власт која до пред изборите минатата година и за време на изборите во 2024 ветуваше репреговарање на преговарачката рамка и дека ќе предложи и ќе издејствува подобри позиции за нашата држава, денеска се соочуваме со суровата реалност дека по 15 месеци од нивното владеење Македонија не е помрдната од мртва точка во поглед на евроинтеграциите, истакна Петровска.

Таа додаде дека доволен одговор за тоа дека власта не е заинтересирана за евроинтеграциите е фактот што опозицијата е таа што треба да бутка, да инспирира и мотивира нови резолуции. Петровска повика сите партии внимателно да ја разгледаат и да дадат свои забелешки.

-Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ полека но сигурно ги троши џокерите кај граѓаните. Препораката или замолницата од Венко Филипче е да не се злоупотребува во изборната кампања. Ова нека биде период во кој сите политички партии и општествени чинители ќе ја разгледуваат предлог резолуцијата и ќе дадат свои забелешки. Финалниот производ, кој не треба да биде ничиј белег, бидејќи европската интеграција не е процес контролиран само од една политичка гарнитура, ќе придонесе сите заедно понатаму да го продолжиме патот на европската интеграција, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија во жалост: 69 загинати во судир…

Бројот на загинати во железничката несреќа во…

Студентската листа бара оставки и пријавување на…

Претставници на Студентската листа и на студентите…

Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…

Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…

Карни: Канада ќе учествува во заемот на…

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…