Габриел му донесе победа на Арсенал во дербито на северен Лондон
Дербито на северен Лондон му припадна на Арсенал. Тотенхем ниту во петтиот обид не успеа да ги победи „топчиите“ во Премиер лигата. Последен пат тоа им се случи во 2022 година.
Стрелец на победничкиот и решавачки гол за Арсенал беше Габриел во 64. минута. Сè до споменатиот гол двете страни играа цврсто, а во прилог на тоа дербито заврши со дури осум жолти картони, од кои седум беа прикажани во првото полувреме.
Арсенал не беше комплетен во дербито, на „топчиите“ им недостасуваа неколку играчи: Калафиори, Мерино, Рајс, Одегард, Томијаши, па Артета мораше многу да комбинира. Сепак, тоа не влијаеше на нивната игра. Тотенхем беше лишен само од помошта на Ричарлисон.
По победата во дербито, Арсенал се искачи на второто место и сега има два бода помалку од водечкиот Манчестер Сити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…
Ајзенкот доби мандат за формирање влада во…
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“,…
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…