Гаши: Промена на Уставот што побргу, но не на сметка на рушење на идентитетот на Македонците
Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели промената на Уставот е сензитивно прашање, особено за Македонците.
Според него ВМРО – ДПМНЕ добила голем број гласови на изборите поради резервираноста кон ова прашање, а Македонците се негативно настроени кон т.н француски предлог.
-Сепак, сега сме во друга фаза – сакаме сите да одиме напред. Најголем број граѓани и политички партии, освен една, сите сме за интеграција на земјата во ЕУ, и тоа побргу, барем така се изјаснуваат декларативно. Треба да разговараме за тоа што ВМРО го стави во програмата. Ќе има и нови моменти по изборите во Бугарија и изборите во Европскиот парламент. Треба во мозаикот да се имаат сите елементи зашто цело е кога има сè, за да може ова горливо прашање да го решиме, истакна Гаши во гостување на Топ Тема на ТВ Телма.
Рече дека стои на ставот прашањето да биде решено што побргу, но нагласи „не на сметка на рушење и на незачувување на култутрниот и јазичниот идентитет на Македонците“.
-Не можеме да ги ризикуваме меѓуетничките односи за друг проблем, така ништо не сме направиле. Треба да работиме на поголема кохезија на сите заедници, особено на првите две по големина – македонската и албанската. Ако имаме разбирање за нашиот културен и јазичен идентитет, само по себе ќе даде енергија во процесот на побрза интеграција на земјата во Европската Унија, рече Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…
Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Не прифаќаме одложено дејство: Бугарите од Македонија…
Бугарите во Република Македонија бараат да се…
Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува…
„Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето…
„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари…
Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана…