Гаши се сретна со претседателот на украинската Врховна Рада

t

На маргините на Парламентарниот самит во Вашингтон, беше реализирана средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, на негова иницијатива.

Честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, претседателот Стефанчук се заблагодари за доследната поддршка на Македонија за Украина и за сите украински иницијативи, за нашето приклучување кон санкциите на Европската Унија против Русија, како и за поддршката на „Формулата за мир“ предложена од претседателот на Украина. Тој нагласи дека народите на Украина и Македонија се многу блиски, имаат слична историја и споделуваат заеднички цели за членство во ЕУ.

Осврнувајќи се на руската воена агресија од големи размери на територијата на Украина, претседателот Стефанчук ја информираше Делегацијата, во која е и заменик-шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Миле Талевски, за бруталниот напад на Русија врз детската болница во Киив, при што има 29 цивилни жртви и огромен број повредени деца и медицински персонал. Повика овој Парламентарен самит да изрази голема и непоколеблива поддршка од претседателите на парламентите за натамошна воена помош за Украина и за нејзиното членство во НАТО. Истакна дека ќе иницира заеднички проект на ниво на парламентите од земјите членки на НАТО за обнова на земјата. Стефанчук му упати покана на претседателот Гаши да ја посети Украина, а воедно изрази очекување за негово учество на Третиот самит на Кримската платформа, кој оваа година ќе биде во заедничка организиција со Република Латвија.

Претседателот Гаши изрази сочувство за жртвите во детската болница и ја пренесе цврстата и непоколеблива поддршка на нашата земја за Украина на сите полиња и потенцираше дека РС Македонија, народот и нејзините највисоки државни институции уште од самиот почеток на воениот конфликт силно ја осудија руската агресија против Украина. Воедно, земјата целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, коспонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Претседателот Гаши се осврна на бројните активности на Собранието на Република Македонија за поддршка на Украина, почнувајќи од усвојувањето на „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ и други бројни манифестации.

Претседателот Гаши го покани својот колега Стефанчук, доколку во овие вонредни околности тоа е можно, да ја посети Република Македонија. Двајцата претседатели изразија увереност дека меѓупарламентарната соработка ќе продолжи со воспоставената динамика и активен политички дијалог, продуктивна соработка на ниво на претседатели и меѓупарламентарни групи за пријателство, со тенденција од натамошно збогатување на целокупната соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Мицкоски се сретна со Зеленски во Лондон:…

Премиерот Мицкоски во Лондон се сретна со…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Орбан го претставува планот за решавање на…

Мировниот план на унгарскиот премиер Виктор Орбан…

Захарова: Украина подготвувала атентат на Путин

Обидот за убиство на рускиот претседател Владимир…