Герасимовски: ОЈО ќе каже дали пожарот во „Треска“ бил подметнат

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, вчера имаше средба со Кризниот штаб во врска со пожарот на фабриката Треска, на чијашто парцела се планира градење. Штабот за кризи и спасување доби информација дека МВР го завршиле увидот и е записникот е доставен до Основното обвинителство.
Засега не знаеме дали пожарот е подметнат, тоа ќе се знае откако Обвинителството ќе го разгледа извештајот од МВР. Општината прима барања за расчистување на теренот, но чекаме прво да се произнесе ОЈО. Расчистувањето ќе се врши согласно тоа каков материјал е изгорен, а прво ќе се отстрани ако го има штетниот материјал, вели Герасимоски за „Утрински брифинг“.
Што таму горело и колку е штетно по здравјето беше првото нешто што нѐ интересираше, вели Герасимовски. Тој додава дека азбестот не гори, но имало лакови и бои.
Мерењата на чистотата на воздухот покажуваат дека нема енормно загадување поголемо од дозволеното. Денес ќе излеземе повторно на увид. Прво треба да го исчистиме целиот простор да не се случи повторно некое дејствие, распиавме набавка за нова планерска куќа оти со претходната е раскинат договорот, вели градоначалникот на Центар и додава дека пред десетина дена имало средба со сопствениците на парцелата, но дел од сопствениците го напуштиле состанокот незадоволни од укажувањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска ги посети повредените од пожарот кои…
Во Софија денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги…
Насловна на „Економист“: Трамп со пила ја…
Претседателот Доналд Трамп вчера го прогласи за…
Цената на нафтата падна кон 70 долари…
Цените на нафтата потонаа до 70 долари…
Два тур оператори ги откажаа летовите за…
Тур операторот Корендон оваа сезона нема да…
Османи побара Косово да ги укине увозните…
Косовската претседателка Вјоса Османи побара од Владата…