Објавено на:

МВР со детали за сообраќајката во која скопјанец беше усмртен од мотор на пешачка патека, мотоциклистот избегал

t

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од полицијата.

Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…