Објавено на:

Герасимов: НАТО значително го зголеми военото присуство во близина на руската граница

t

Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов денеска изјави дека НАТО користејќи ја така наречената руска воена закана, значително го зголеми своето воено присуство во близина на границата на Русија.

– Се набљудува обемот и интензитетот на активностите за оперативна и борбена подготовка. Се преземаат мерки за зголемување на оперативната ефикасност на трансферот на воени засилувања, посочи Герасимов.

Тој додаде дека Русија годинава формира воена бригада опремена со новата хиперсонична балистичка ракета со среден дострел „Орешник“.

Ракетата „Орешник“ првпат во ноември 2024 година беше истрелана врз Украина. Според рускиот претседател Владимир Путин „Орешник“ не може да се пресретне и оти има деструктивна сила споредлива со онаа на нуклеарно оружје, и покрај тоа што боевата глава е конвенционална.

Според дел од западни експерти, тврдењата на Путин за „Орешник“ се претерани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: НАТО значително го зголеми военото присуство…

Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили,…

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите

Продолжување на активности, но и заострување во…

Годишно обраќање до нацијата на американскиот претседател…

„Го наследив хаосот, сега ја водам Америка…

Одбиена жалбата на екс државниот правобранител Фехми…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје,…

СДСМ ја оспори пред уставниот суд резолуцијата…

Опозициската СДСМ пред уставен ќе ја оспорува…