Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
Продолжување на активности, но и заострување во следните денови, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок на кој учествуваа претставници на над 50 блока од цела Грција, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за средба,.
Претставници на земјоделците велат дека по денешниот состанок и со одлуките, покажале дека блоковите од цела Грција функционираат како еден обединет блок, објаснија дека не добиле суштински одговори од Владата и дека не се исполнети нивните услови за средба со владини претставници.
Дополнително нагласија дека се решени да продолжат со блокадите и ако е потребно и Божиќ и Нова година ќе ги поминат на улица.
Планираат од утре, по 14 часот по локално време, да затворат уште повеќе патишта и автопати и споредни улици низ цела Грција, а не е исклучена можноста одлуките за заострување на протестите да значи и повеќечасовни блокади на граничните премини.
Пораката на грчките земјоделци е дека не сакаат блокадите да бидат пречки за патувањата на граѓаните за божиќните празници и веројатно во вторник ќе ги отворат патиштата, но и патарините за слободно движење на возилата во пресрет на Божиќ.
Сепак за следните чекори, одлуки ќе бидат донесени во вторник, за кога е закажан нов состанок.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца Албанци обвинети за кражба на манжетни…
Судот на Велика Британија соопшти дека двајца…
Охриѓанец попладнево си го запалил станот, 8…
На 26.11.2026 година, полициски службеници од полициската…
Захарова:„Зеленски се обидува да предизвика конфликт меѓу…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
„ЖОЛТ КАРТОН“ ЗА БУГАРИЈА – ЕУ предупредува:…
Лидерите на 27-те земји-членки денеска се собираат…
Германскиот министер за надворешни ја предупреди Украина…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…