Германија протeра руски дипломат поради шпионажa

t

Германската влада протерала службеник од рускиот конзулат во Минхен поради сомневање дека се занимавал со шпионажа, пишува „Шпигел“.
„Вработен во конзулатот во Минхен е прогласен за „персона нон грата““, се вели во написот .

Како што беше прецизирано, дипломатот наводно бил вработен во Руската служба за надворешно разузнавање. Се посочува дека тој е уапсен во рамките на истрагата против Русинот Илнур Н. кој работел на еден од германските универзитети, а чие апсење беше најавено минатата година. Оваа недела беше објавено дека Сојузното обвинителство на Германија поднело обвинение против Илнур Н. поради шпионажа во корист на Русија.
Според обвинителството, најдоцна есента 2019 година, Илнур Н. бил регрутиран од Руската служба за надворешно разузнавање. Берлин тврди дека руската служба била заинтересирана за податоци за развојот на европската ракета-носач „Аријан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски и неколку европски лидери од Буча:…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го…

Грузиската претседателка им го скрши филмот на…

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили изјави дека премиерот…

Путин го одобри новиот концепт за надворешна…

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, денеска…

Лукашенко побара прекин на војната во Украина!

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, обраќајќи им…

Предупредување од САД: Американицте веднаш да ја…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика…