Германија протeра руски дипломат поради шпионажa

t

Германската влада протерала службеник од рускиот конзулат во Минхен поради сомневање дека се занимавал со шпионажа, пишува „Шпигел“.
„Вработен во конзулатот во Минхен е прогласен за „персона нон грата““, се вели во написот .

Како што беше прецизирано, дипломатот наводно бил вработен во Руската служба за надворешно разузнавање. Се посочува дека тој е уапсен во рамките на истрагата против Русинот Илнур Н. кој работел на еден од германските универзитети, а чие апсење беше најавено минатата година. Оваа недела беше објавено дека Сојузното обвинителство на Германија поднело обвинение против Илнур Н. поради шпионажа во корист на Русија.
Според обвинителството, најдоцна есента 2019 година, Илнур Н. бил регрутиран од Руската служба за надворешно разузнавање. Берлин тврди дека руската служба била заинтересирана за податоци за развојот на европската ракета-носач „Аријан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…