Германија: Фактот што многу Руси се обидуваат да избегнат воена служба во Украина е добар знак

t

Германската Влада сака во наредните недели да постигне заеднички став на европско ниво за тоа како да се справи со Русите кои сакаат да ја избегнат мобилизацијата, откако рускиот претседател Владимир Путин во средата најави делумна мобилизација, беше објавено во Берлин.

„Фактот што многу Руси се обидуваат да избегнат воена служба во Украина е добар знак“, рече портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт, додавајќи дека сега мора да се најде ефективно решение за нив заедно со другите земји-членки на ЕУ.

Истовремено, тој нагласи и дека пред да се даде азил, треба да се испитаат мотивите на сите кои наводно имаат грижа на совеста и јасно да се утврди дека не работат за руската држава, пренесува агенцијата „dpa“. На граничните премини со Русија, а особено на границата со Грузија, Финска и Казахстан се појавија колони возила со луѓе кои ја напуштаат државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни бројки на аеродромите, растот на…

Резултатите од првите седум месеци од 2026…

Сирија и Израел одржале разговори со посредство…

Сирија и Израел синоќа во Јордан одржале…

Транспортерите излегуваат на протест пред Делегацијата на…

Превозниците од Македонија на 31 август ќе…

Ново решение за странските возачи – МВР…

Сообраќајот на граничниот премин Табановце во моментов…

УХМР СО МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕНЕС: Македонија под…

Управата за хидрометеоролошки работи објави метеоаларм за…