Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген

t

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл ги претстави плановите за ублажување на кризата во Фолксваген групацијата, најголемиот европски производител на автомобили, јави ДПА.

– Целта е да се задржат производствените капацитети на Фолксваген, да се спречат отпуштањата и да се преземат потребните инвестиции за иднината, вели Хајл во коментар за весникот „Аусбургер Алгемајн“.

Министерот за труд планира да продолжи државната помош што им се исплаќа на компаниите кои се во проблем за да им помогнат да ги задржат вработените до максимум две години, двојно повеќе од претходно.

– Нашата задача како држава е да го помогнеме ова решение со активна економска и индустриска политика, рече Хајл.

Најави дека германската Влада треба да донесе одлука за ова на редовната седница во среда.

Фолксваген се обидува да преговара за намалување на платите за 10% во тековните разговори со синдикатот на ИГ Метал, заедно со намалување на надоместоците и бонусите.

Компанијата се закани дека ќе ги затвори фабриките во Германија и ќе укине десетици илјади работни места.

Хајл инсистираше на тоа дека компанијата сè уште е профитабилна, но додаде дека е потребно решение засновано на партнерство помеѓу менаџментот и синдикатот.

Шефицата на синдикатото на ИГ Метал, Кристијане Бенер, изјави дека е „добро што владата дејствува сега“.

Таа рече дека продолжувањето на државната помош за намалување на работното време заради ублажување на отпуштањата ќе ја зголеми сигурноста на работните места и ќе им помогне на компаниите да ги задржат квалификуваните работници.

Фолксваген влегува во петтата и одлучувачка рунда разговори за платите со ИГ Метал во понеделник во Хановер.

ИГ Метал повика на договор пред Божиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…