Германски историчар открива: Ванчо Михалјов има нарачно 100-тици убиства

t

Иако Ванчо Михајлов се населува во една глува провинција во Полска, тој има можност, како и пред тоа во Турција, да одржува блиски контакти со свои приврзаници од Бугарија и Северна Америка. По влегувањето на Вермахтот во Варшава во септември 1939 година, Михајлов и сопругата, која добро зборува германски, му се откриваат на Гестапо.

Набргу потоа, тие се населуваат во Рајхот, но останува неизвесно колку долго. Таму тие привремено се сместуваат во Берлин, во четврт каде се непосредни соседи на Анте Павелиќ и неговото опкружување. Не е јасно какви контакти имал Михајлов во германската престолнина со националсоцијалистичката власт-во архивите на Третиот рајх досега не е пронајдена информација околу тоа прашање.

Веројатно пролетта 1940 година Михајлов се преселува во Будимпешта. Таму тој со германски и италијански претставници ја разгледува можност за формирање на македонска држава, додека Третиот рајх, како и фашистичка Италија се занимаваат со новата територијална поделба на Југоисточна Европа. Влијанието на Михајлов врз преживеаните структури на ВМРО во Бугарија реално, многу забележливо, се намалува во април 1941-по повторната акупација на Вардарска Македонија од страна на бугарските војски и воспоставувањето на бугарска административна структура.

Поголемиот дел од приврзаниците на Михајлов го одобруваат тоа де факто присоединување како „повторно обединување“ на Македонија со „Мајка Бугарија“ и преземаат функции на окупираната територија. Михајлов, кој непоколебливо ја следи целта-„слободна и независна Македонија“, во мај 1941 година прифаќа да се пресели во Загреб, по покана испратена од неговиот долгогодишен сојузник Павелиќ, кој во меѓувреме е прогласен за водач („Поглавник“) на германско-италијанската маронетска држава-Независна држава Хрватска (НДХ). До 1944 година, Михајлов работи како најважен надворешнополитички и военополитички советник на хрватската власт на усташите, како десна рака на Павелиќ.

Од Загреб, Михајлов продолжува да одржува блиски контакти со Рим и со Берлин. Пролетта 1943 година тој со началниците на италијанската армија се договара за формирање на ВМРО-одреди, кои ќе ги поддржат италијанските окупациони делови во северна Грција. Во октомври 1943 година, непосредно по повлекувањето на Италијанците од Балканот, во преговори со рајхсфирерот на СС, Хајнрих Химлер, Михајлов договара формирање на силна ВМРО-заштитна група („Безбедност“) од 12.000 лица, што ќе биде распоредена во грчкиот дел на Македонија окупиран од Германците.

Меѓутоа, собирањето на нејзиниот состав пропаѓа и не се стигнува до договорената сила. Исто така, останува нереализиран и предлогот на Михајлов испратен до Павелиќ за формирање на силна платена армија на ВМРО, која ќе се бори против различните партизански формации во босанскиот дел на НДХ.

Но, во Бугарија, цар Борис III, како и власта и военото раководство во државата, со вознемиреност гледаат на активностите на Михајлов во Загреб, зашто стравуваат дека неговиот план од Берлин за формирање „слободна и независна Македонија“, може да успее. И за да може да биде контролиран, смртната пресуда му се укинува и му се предлага да се врати во Бугарија и да добие функција во Вардарска Македонија. На изненадување на Софија и на неговите најблиски поддржувачи, Михајлов категорично го отфрла предлогот.

По позитивна е неговата реакција кон предлогот на германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп-да стане претседател на една македонска држава под покровителство на Третиот рајх. На 1 септември 1944 година, Хитлер издава „фирерска наредба“ за итно прогласување на таква државна творба. На тој начин, заради Црвената армија која молскавично навлегува на Балканот, треба да се гарантира повлекувањето на Вермахтот од Грција.

Михајлов си го задржува правото конечен одговор за германскиот предлог да даде откако ќе направи студиска посета на Скопје. На 3 септември 1944 година, тој со германски авион од Загреб пристигнува во Софија, каде со своите соработници ја разгледува ситуацијата. На 5 септември, човекот за врска меѓу Михајлов и СС началникот на шестата управа (надворешнополитичко разузнавање) во Генералниот директорат за царска безбедност, бригадфирерот на СС, Валтер Шеленберг, му испраќа телеграма на Рибентроп: „Со неколку разговори-денес и утре, Михајлов треба да се обиде да го спаси тоа што треба. Меѓутоа, ситуацијата изгледа безнадежно. И Михајлов е со исто мислење, зашто самиот може да се убеди како стојат работите“.

Во исто време, СССР и објавува војна на Бугарија. Брзото навлегување на советските трупи во балканската држава и нивното напредување до основната германска линија на поврзување во Вардарската долина водат до драматично заострување на воената ситуација. Како резултат на тоа, Рибентроп го притикс германскиот амбасадор во Софија, СС-обергрупенфирерот Адолф Хајнц Бекерле:„Фирерот денеска повторно нареди да биде прогласена независноста на Македонија-овојпат без одлагања“.

На истиот 5 септември, Михајлов патува од Софија за Скопје каде на 6 септември врши низа советувања со активисти на ВМРО и со локални првенци, а има средби со комунистичките партизани и со претставници на граѓанското антибугарско движење на отпорот на Методи Андонов Ченто. Вечерта тој ја соопштува својата одлука, што веднаш и е пренесена од германскиот конзулат во Скопје на амбасадата во Софија:„Комитетот (=скопските ВМРО-вци) категорично одбија да прогласат независност на Македонија, убедени од Ванчо Михајлов и по темелна анализа на стекнатите околности. Аргументирајќи ја својата одлука Михајлов најмногу се осврнува на: 1.Отсуство на приврзаници, кои се подготвени да застанат зад независноста и да ја наметнат. 2. Континуирана и прогресивна деморализација на целото население“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Целта на протестите против литиумот е…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Преку демократски механизми ќе настојуваат да се…

Ќе ги искористат сите демократски механизми, а…

Уште ова ни требаше: СЗО свикува итна…

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) рече…

Во Одеса беше прогласена воздушна тревога, по…

Во Одеса попладнево беше објавено воздушно предупредување,…

Талески: Има одговорност кај Гаши, но ВМРО-ДПМНЕ…

Во овој краток период откако оваа влада…