Главниот kpизен координативен штаб препорача продолжување на распустот до крајот на месецот

t

Главниот кризен координативен штаб (ГККШ) за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот на денешната седница заклучи дека во моментов епидемиолошки земјата се наоѓа во пик поради поради кој препорачува да се одложи учебната година до 1 февруари годинава со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.
Како што информираат од владината прес-конференција, заклучокот е предложен до Владата и за него Владата дискутира веќе на седница која почна вечерва во 21:30 часот.

Првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот ја водеше премиерот Димитар Ковачевски, а на неа присуствуваа ипретседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.

-Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба, најавуваат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем број на новозаразени од Ковид-19: Четири…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Над 1100 новозаразени, три лица починаа: Ова…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Бајден повторно позитивен на Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден повторно позитивен на…

Црвен аларм во Србија: Денеска скоро 6000…

Во Србија во последните 24 часа се…

Двајца починати и голем број на заразени…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…